Skip to content

Charter of Digital Fundamental Rights of the European Uninon (Macedonian translation)

Notifications You must be signed in to change notification settings

novica/charter-digital-fundamental-rights-eu

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

10 Commits
 
 

Repository files navigation

Charter of Digital Fundamental Rights of the European Uninon (Macedonian translation)

This is an unoficial translation of the unoficial English translation available here: https://digitalcharta.eu/sprachen/

Повелба за основни дигитални права на Европската унија

(Ревизија од 2018)

ПРЕДГОВОР

ОВОЈ ПРЕДЛОГ за дигитална повелба го должи својот почеток во убедувањето дека акција мора да следи по дебатите за основните права во дигиталното доба. Нашата цел е да ги зајакнеме и консолидираме постоечките основни права.

НИЕ АВТОРИТЕ НА ПРЕДЛОГОТ веруваме дека ова е неопходно во времиња кога технолошкиот напредок носи нови предизвици и потреба за поголема регулација од страна на државата.

ОВИЕ ПРЕДИЗВИЦИ произлегуваат од нови типови на автоматизација, растечки дигитални мрежи, вештачка интелеганција и нејзината примена во предвидување и влијание врз човековото однесување, масовниот надзор, роботика и интеракција меѓу човекот и машините, и промени во моќта кон некои државни и недржавни актери.

ОВАА ДИГИТАЛНА ПОВЕЛБА е политички манифест во форма на предлог закон. Покрај предлози за идни основни права, таа содржи формулации на државни цели и барања до европските законодавци, со цел да ja одбележи големината на предизвиците и да ја нагласи важноста на граѓанските права во дигиталното доба.

ПОСЛЕ ПЕРИОД НА ВНАТРЕШНИ И ЈАВНИ ДИСКУИИ, ние овде го презентираме нашиот ревидиран предлог за Повелба со цел проектот да може да се подобри со понатамошна јавна дебата. Целиме да отпочнеме општествен и политички процес кој што би требало да резултира со обврзувачки закон за основни права во дигиталниот свет.

ПРЕАМБУЛА

ЗНАЕЈЌИ ДЕКА

признавањето на неприкосновеното достоинство и еднаквите и неотуѓиви права на сите човечки суштества е основа за слобода, правда и мир во светот,

зголемената дигитализација ги менува темелите на нашето постоење,

дигиталното доба произведува огромни поместувања во односите на моќ помеѓу поединците, државите и организациите,

дигиталното доба поттикна дебата за природата на граѓанското општество која ќе продолжи,

основните права и демократските принципи во дигиталното доба се соочени со нови предизвици и закани,

технолошкиот напредок секогаш мора да му служи на човештвото,

обликувањето на дигиталниот свет мора да се разбере дека е европска задача, за да можеме преку заеднички европски акции да ги зачуваме слободата, правдата и солидарноста во дваесет и првиот век;

ПРЕПОЗНАВАЈЌИ ГИ

Универзалната декларација за човекови права,

Европската конвенција за човекови права,

Повелбата на основни права на Европската унија,

правата и правилата за заштита на податоци на Европската унија и нејзините земји членки;

ЦВРСТО РЕШЕНИ

да ги заштитиме основните права и демократски принципи во во дигиталниот свет преку владеење на правото,

да ги обврземе државните и недржавните актери да ги спроведуваат основните права во дитигалниот свет,

да воспоставиме, на овој начин, основа за обврзувачки закони во дигиталното доба,

да гледаме на дигитализацијата не како извор на страв, туку како извор на можности за одржливо живеење во глобална идина;

УНИЈАТА ГИ ПРЕПОЗНАВА СЛЕДНИВЕ ПРАВА, СЛОБОДИ И ПРИНЦИПИ:

ЧЛЕН 1 (ДОСТОИНСТВО)

Човековото достоинство ќе остане неприкосновено во дигиталното доба. Човековото достоинство мора да биде почитувано и заштитено. На никаков технолошки напредок не смее да му се дозволи да посегне по него.

ЧЛЕН 2 (СЛОБОДА)

Секој човек има право на слобода на информации и комуникациии. Ова вклучува и лично право да не се знае.

ЧЛЕН 3 (ЕДНАКВОСТ)

  1. Секој има право на еднакво учество во дигиталната сфера. Ќе се применува законот за недискриминација како што е формулиран во Европската повелба за основни права.
  2. Никој не смее да биде лишен од пристап до добра и услуги или да биде исклучен од учество во јавниот живот со употреба на автоматизирани процеси. Ова посебно ќе важи за здравство, заштита од животни ризици, правото да се работи, правото на дом, правото на слобода на движење, и на правосудниот сустем и полицијата.

ЧЛЕН 4 (СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ЈАВНАТА СФЕРА)

  1. Секој има право на слобода на говор и изразување во дигиталниот свет. Цензура нема да има.
  2. Ова право може да биде ограничено со одредби од општите закони.
  3. Операторите на јавните соби за разговори се одговорни за заштита на правото на слобода на изразување. Тие мора да се осигураат дека основните права и обврски наведени во оваа повелба се применуваат согласно закон.

ЧЛЕН 5 (АВТОМАТСКИ СИСТЕМИ И ОДЛУКИ)

  1. Етички принципи ќе бидат формурлирани само од страна на човечки суштества, и одлуките кои влијаат на основните права ќе бидат носени само од човечки суштества.
  2. Одговорноста за авотматски одлуки мора да припаѓа на физичко или правно лице.
  3. Критериумите што водат до автоматски одлуки, во случаи како што е дигиталното профилирање, мора да бидат транспарентни.
  4. Секој што ќе подлежи на автоматска одлука која што има значајно влијание на неговиот или нејзиниот живот ќе има право на независна ревизија и одлука донесена од човечко суштество.
  5. Одлуки за живот, смрт, физички интегритет и лишување од слобода ќе се прават само од страна на човечки суштества.
  6. Употребата на вештачка интелегенција и роботика во области кои се осетливи на можни прекршувања на основните права мора да биде предмет на општествена дебата и регулирана со закон.

ЧЛЕН 6 (ТРАНСПАРЕНТНОСТ)

  1. Секој има право на пристап до информации кои што ги поседуваат државните агениции. Заштитата на личните податоци мора посебно да биде гарантирана. Принципот на транспарентност ќе се применува и на приватните изведувачи во јавниот сектор.
  2. Свиркачите кои даваат информации за корпоративен злоупотреби мора да добијат соодветна заштита.

ЧЛЕН 7 (ПРИВАТНОСТ, ДОВЕРЛИВОСТ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ)

  1. Секој има право на заштита на неговите или нејзините податоци и право на приватност.
  2. Личните податоци може да се собираат и процесираат од поединецот само искрено и чесно и за определени цели, ако за тоа постојат законски основи. Процесирањето на податоците мора да биде безбедно, фер и транспаретно со употреба на врвна технологија.
  3. Правото на поединецот да ги избршише податоците, поправи податоците, правото на приговор и правото да пристапи до податоците и личните информации мора да биде гарантирано.
  4. Секој има право да нов дигитален поечток. Ова право е ограничено со легитимното право на јавноста да знае.
  5. Секој има право на живот во домот слободен од надзор.
  6. Секој има право да преземе соодветни мерки за да ги заштити неговите или нејзините податоци и комуникации од пристап од трети страни.
  7. Не смее да име дејства на неоправдан и недозволен надзор.
  8. Придржувањето до овие одредби ќе биде набљудувано од страна на независни институции.

ЧЛЕН 8 (БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ)

Интегритетот и доверливоста на информациските системи и поврзаната инфраструктура мора да биде гарантиран и зашитен преку соодветни технички и организациски мерки.

ЧЛЕН 9 (ИЗБОРИ)

Правото да се учествува во јавни избори и реферндуми не смее да се направи да зависи од употребата на дигитални медиуми.

ЧЛЕН 10 (СЛОБОДЕН ПРИСТАП)

  1. Секој има право на слободен и еднаков пристап до комуникациски и информациски услуги без прекршување на неговите или нејзините основни права.
  2. Одредбите за пристап мора да бидат сеопфатни, соодветни и доволни.
  3. Секој има право на неперсонализирана употреба на дигитални понуди. Секакви ограничувања мора да бидат пропишани со закон.

ЧЛЕН 11 (МРЕЖНА НЕУТРАЛНОСТ)

Мрежна неутралност мора да биде гарантирана без никаква дискриминација.

ЧЛЕН 12 (ПЛУРАЛНОСТ И СЛОБОДНА КОНКУРЕНЦИЈА)

  1. Дигиталниот свет ќе биде уреден на принципите на плуралност и културна разноликост.
  2. Интероперабилноста и отворените стандарди ќе бидат промовирани и приоретизирани.
  3. Антиконкурентските практики мора да бидат забранети, и ефективни мерки да се применуваат соодветно.

ЧЛЕН 13 (РАНЛИВИ ЛИЦА)

Децата, адолесцентите, обесправените и ранливите лица заслужуваат специјална заштита во дигиталниот свет. Нивното учество во дигиталниот свет мора да биде промовиран и отворен пристап до основни добра и услуги мора да биде гарантиран.

ЧЛЕН 14 (ОБРАЗОВАНИЕ)

Секој има право на образование кое овозможува само-определувачко постоење во дигиталниот свет. Оваа цел мора да биде приоретизирана во програмите на образовните институции.

ЧЛЕН 15 (РАБОТА)

  1. Дигиталната транформација мора да се преземе во согласност со општествените принципи.
  2. Во дигиталното доба, ефективна заштита за вработување и правото на слобода на здружување мора да биде гарантирано.

ЧЛЕН 16 (НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА)

  1. Секој има право да учествува во културниот живот и научниот прогрес и неговите користи.
  2. Секој има право на заштита на неговите или нејзините интелектуални и матирајлни интереси кои може да произлезат од создавањето и ширењето на нематеријални средства. Ова право мора да биде донесено во рамнотежа со интересите на јавноста, со технолошкиот напредок и со креативните процеси кои се случуваат во општеството, стопанството, науката и академијата, и уметностите.

ЧЛЕН 17 (НАДЛЕЖНОСТ)

  1. Оваа повелба ќе важи за одганите, институциите и другите тела на Европската унија и нејзините земји членки.
  2. Правата и принципите на оваа повелба ќе важат и за недржавните актери. Основните права на овие актери мора да бидат донесени во рамнотежа со правата и принципите на оваа повелба.

ЧЛЕН 18 (ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ)

  1. Конечната одговорност за интерпретација на правата наведени во оваа повелба лежи во Европскиот суд на правдата.
  2. Било какви ограничувања на правата препознаени во оваа повелба мора да го почитуваат писмото и духот на законот, и мора да се придржуваат до принципите на пропорционалност. Ќе се применуваат законските одредби од членовите 52-54 од Европската повелба на основите права.

Последна верзија на англискиот неофицијален превод од: 24 април 2018 Неофицијалниот англиски превод од оригиналниот германски текст е објавен од ZEIT-Stiftung Ebelin и Gerd Bucerius.

About

Charter of Digital Fundamental Rights of the European Uninon (Macedonian translation)

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published